Фото: EPA-EFE/Juanjo Martin

Новинарите со рекорден број гласови го избраа Халанд за „фудбалер на годината“ во Премиер лигата

Норвежанецот Ерлинг Халанд руши рекорди во Премиер лигата, а сега ја освои првата поголема награда во Англија благодарение на фантастичната сезона.

Халанд е прогласен за „фудбалер на годината“ од страна на Здружението на новинари во Англија.

Досега во дресот на Манчестер Сити Халанд постигна 51 гол на 47 натпревари во сите натпреварувања. Во изборот Норвежанецот победил убедливо со освоени 82% од гласовите на новинарите и тоа е нов рекорд во изборот за оваа награда.

Во гласањето учествуваа повеќе од 400 новинари во Англија. Зад Халанд на второто место се најде Букајо Сака од Арсенал, на третото место заврши Мартин Одегард, а потоа следуваа Де Брујн и Рашфорд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот