Нови шестмина хоспитализирани, вкупно 553 случаи на пертусис до 9 мај

Нови 15 случаи на пертусис – народски кажано голема кашлица, се пријавени во периодот од 3 до 9 мај, од кои шест лица се хоспитализирани. Во однос на географската дистрибуција, најголем дел од случаите се пријавени во рамките на епидемијата во Скопје – 14, а пријавен е и еден случај од Крива Паланка. Возраста на заболените се движи од еден месец до 62 години, а најголем број случаи се од возрасната група до четири години, информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во најновиот извештај, објавен денеска.

Заклучно со 9 мај, во државава се регистрирани вкупно 553 случаи на голема кашлица, со инциденца од 30,1/100 000 жители. Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период – од 2019 до 2023 година, кога се регистрирани вкупно 10 случаи.

Од ИЈЗ потсетуваат дека во тек се две епидемии, пријавени во ниво на територија на Скопје и Куманово.

Од 18 јануари до 9 мај, дадени се вкупно 45.715 дози вакцина што содржи компонента против голема кашлица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот