Фото: JESHOOTS / Pexels

Нови правила за возачите во ЕУ- еве што се менува

Секој што има возачка дозвола од категорија Б во Германија има право да вози, не само приватни автомобили, туку и возила со вкупна тежина до 3,5 тони. Но, од 2028 година, таа граница ќе биде зголемена – и под одредени услови- објави Феникс магазин пренесе РадиоСараево. Во моментов, секој што го положил возачкиот испит по 1 јануари 1999 година има право да вози лично возило, возила до 3,5 тони вкупна тежина и возила со приколка со одредена тежина (со посебни услови)
Според новите измени новата четврта директива на ЕУ за возачки дозволи треба да стапи на сила во 2028 година. Со неа носителите на дозвола од категорија Б ќе можат да возат возила до 4,25 тони вкупна тежина – на пр. поголеми кампери.

Сепак, ќе биде потребна дополнителна обука, испит – или и двете, во зависност од земјата-членка. Секоја земја од ЕУ самостојно одлучува како да ја спроведе оваа регулатива.

Во моментов, возењето кампер со тежина поголема од 3,5 тони во Германија бара дозвола од класа C1 (помали камиони). Ограничувањето важи за возила со класичен погон.

Според порталот Pincamp, дополнителната обука важи само за возила со конвенционален (фосилен) погон. Не е јасно дали електричните и хибридните модели ќе бидат ослободени. Со директивата доаѓа и воведување на дигитална возачка дозвола. Од април 2025 година, 2.500 луѓе во Германија учествуваат во тестирање на дигиталната верзија на нивната возачка дозвола преку апликацијата.

Секоја членка на ЕУ има четири години да ги прилагоди новите правила на националното законодавство. Во Германија, конкретните чекори за имплементација сè уште се разработуваат, пишува Феникс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот