Нови детали: Уапсени три лица за инцидентот во кој беше избоден таткото на Јамал, едно е во бегство

Во центарот на вниманието од вчера вечер е инцидентот во кој со нож беше избоден таткото на фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал.

Таткото на Јамал бил избоден по расправија за паркинг место во неговиот роден град Масаро.

Сега медиумите објавуваат дополнителни информации. Наводно три лица се упасени, додека четвртото е во бегство, објави „Франс Прес“ повикувајќи се на извори од локалната полиција во градот.

Лицата биле уапсени уште ноќта два часа по полноќ и биле однесен во полициската станица. Според информациите, како и таткото на Јамал кој има потекло од Мароко, така и тие се со потекло од африкански земји.

Исто така се наведува дека Јамал бил забележан во болницата во која бил примен неговиот татко на околу десет километри од Барселона и во разговорот со полицајците бил смирен.

Преку социјалните мрежи се огласи и Мунир кој порача дека се чувствува подобро.

„Ви благодарам на пораките и охрабрувањата, сега се чувствувам подобро“, порача таткото на фудбалерот.

ВИДЕО | Се појави снимка од расправијата пред да биде избоден таткото на Јамал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот