струја фото

Новата цена на струјата ќе се знае до крајот на годината

На почетокот на годинава цената на електричната енергија за домаќинствата се зголеми за 0,92 проценти. Во првиот блок цената беше повисока за 0,68 проценти, во вториот за 0,9, во третиот за 1,93 и во четвртиот за 2,24 проценти, a евтината тарифа, пак, поскапи за 0,9 проценти

Истече рокот до кога МЕПСО, Електродистрибуција, ЕВН Хоум и МЕМО требаше да ги поднесат своите пресметки за трошоците за пренос и дистрибуција на електрична енергија. За потсетување, според подзаконските акти на Регулаторната комисија за енергетика, утврдени се нови рокови според кои енергетските компании треба да ги достават своите барања најдоцна до 30 септември, а одлуките за новите тарифи ќе бидат соопштени најдоцна до 30 ноември и тие ќе бидат на сила од следната година.

Откако ќе бидат доставени трошоците и барањата на компаниите МЕПСО, МЕМО и Електродистрибуција, регулаторот ќе ги почне пресметките за новата цена што треба граѓаните да ја плаќаат за пренос и дистрибуција на струја, и таа пресметка ќе игра значајна улога во формирањето на крајната цена на електричната енергија.

– По она што се гледа по фјучерси во берзите од регионот и Европа не очекувам драматични промени, односно ќе се држиме во рамките на постојните цени за пренос и дистрибуција. Некаде пред крајот на годината ќе се знае новата цена на струјата – соопштија неодамна од РКЕ.

На почетокот на годинава цената на електричната енергија за домаќинствата се зголеми за 0,92 проценти. Во првиот блок цената беше повисока за 0,68 проценти, во вториот за 0,9, во третиот за 1,93 и во четвртиот за 2,24 проценти, a евтината тарифа, пак, поскапи за 0,9 проценти.
Сепак, какви сметки за електрична енергија ќе добиваат граѓаните најмногу зависи од ЕСМ по која цена ќе му ја продава својата струја на универзалниот снабдувач ЕВН ХОУМ, кој пак повикот треба да го објави до крајот на годинава. Во моментов струјата за домаќинствата електрани ја продава по цена од 62 евра за мегават-час.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот