
Новак по триумфот над Чилиќ: „Ми беше тешко, но пресуди тај-брејкот“
Најтрофејниот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, се пласираше во третото коло на Мастерсот во Шангај, откако по голема борба го совлада искусниот Хрват Марин Чилиќ со 2:0 во сетови (7:6, 6:4).
Препорачано
„Убаво е повторно да се вратам на терен и тоа победнички. Мачев да го најдам својот ритам, но сум многу задоволен од победата. Првиот сет беше особено тежок, мислам дека Марин играше подобро од мене и имаше повеќе шанси за брејк. Во тај-брејкот одиграв цврсто, добро сервирав, тоа беше клучот денес. Кој знае што ќе се случеше ако влезевме во уште еден тај-брејк“, изјави Ѓоковиќ.
Српскиот ас имаше и порака за својот долгогодишен пријател Чилиќ:
„Драго ми е што го минав овој голем предизвик. Марин е одличен човек, долго се познаваме и секогаш добро се сложуваме и на терен и надвор од него. Кога ја чувствува топката, тој е многу опасен и може да победи секого. Му посакувам сè најдобро, убаво е повторно да го видам како игра на овој високo ниво.“
Во следното коло Ѓоковиќ ќе се сретне со Германецот Јаник Ханфман.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
3час
-
3час
-
4час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5