
Новак Ѓоковиќ рутински до полуфиналето на турнирот во Женева
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на турнирот во Женева, Швајцарија, откако со 2:0 го совлада Талон Грикспор од Холандија.
Препорачано
Мечот траеше час и 15 минути, а српскиот ас победи во сетови 7:5, 6:1.
Мечот беше многу возбудлив на почетокот, Ѓоковиќ беше сигурен на свој сервис, но и Холанѓанецот, кој во еден момент имаше и три сет топки, но првиот светски тенисер ги спаси сите.
А во понатамошниот период Ѓоковиќ го оправда статусот на еден од најдобрите на сите времиња, беше беспрекорен и го доби почетното водство.
Таа завршница му даде крилја на Ѓоковиќ и тој фуриозно го стартуваше вториот сет во кој поведе со 4:0, а до крајот му дозволи на ривалот само еден гем.
Во петок, според најавите од 14.30 часот, Ѓоковиќ ќе игра против Томаш Махач од Чешка кој претходно 6:3 и 7:6 (2) го совлада Американецот Алекс Микелсен.
Во второто полуфинале Италијанецот Флавио Коболи кој триумфираше против Александер Шевченко од Казахстан два пати со 6:4, ќе се соочи против Каспер Руд или Себастијан Баез.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
4час
-
4час
-
6час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5