Полициска лента / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Нова жртва на македонските патишта: Усмртен пешак во Кичевско

Нова жртва на македонските патишта. Пешак вчеравечер бил усмртен на магистралниот пат Гостивар – Кичево, на крстосницата за с.Колибари, Кичевско.

Од МВР информираат дека автомобил „рено меган“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од Р.И.(66) од село Горно Строгомиште, Кичевско, синоќа околу 23:15 часот удрил во пешак И.А.(66) од с.Колибари.

-Од здобиените повреди, пешакот И.А. починал на местото, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт – велат од полицијата.

Увид извршила екипа од ОВР Кичево и по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!