Викторија Валентино/ Бил Козби/Фото: Инстаграм колаж

Нова тужба против Бил Козби, зајачица на „Плејбој“ тврди дека ја дрогирал и силувал

Поранешната зајачица на „Плејбој“ Викторија Валентино го тужи актеорт и комичар Бил Козби во нова граѓанска тужба поднесена во четвртокот во Лос Анџелес.

Набргу по средбата со Козби во 1969 година, Валентино тврди дека таа и еден пријател вечерале со комичарот каде им дале таблети, а подоцна се договориле да одат со него во неговата работна соба, пренесува „Си-ен-ен“.

„Откако ја испила таблетата, нејзината глава почнала да паѓа и се борела да ја држи главата горе и да остане будна. Чувствувала мачнина и вртоглавица. Таа изјавила: ‘Сега сакам да си одам дома’“, се вели во соопштението за печатот.

Во тужбата сликовито детално се раскажани наводите како Козби ја силувал Валентино, тврдејќи дека „жртвата не била способна да се согласи бидејќи Козби ја дрогирал и таа била физички беспомошна“.

Валентино поднела тужба според новиот закон во Калифорнија кој на жителите им дава тригодишен рок да поднесат тужби за граѓански сексуални напади кои инаку би биле забранети со статутот на застареност.

Според тврдењата, таа бара општа, посебна и казнена отштета, како и адвокатски и судски такси.

Ендрју Вајат, адвокатот на Козби, рекол дека е „длабоко вознемирувачко и разочарувачко што нашите законодавци ги протуркаа овие „погледи наназад“, кои се јасно кршење на сите уставни права на Америка. Законите за застареност се содржани во Уставот за да се заштитат оние кои се жртви на криминал и да се заштитат они кои се обвинетите за криминал. За жал, овие „погледи наназад“ оживуваат бидејќи нашите политички фигури се водени од мамката на кликови, лајкови и следбеници за да ги унапредат своите политички аспирации“.


Вајат додава дека тврдењата на Викторија Валентино се „без никакви докази или факти“ и тврди дека има „недоследности во нејзините бројни изјави“.

 „Траумата што ми ја нанесе не влијае само на мене, туку и на моите деца и внуци. Прекинувајчи го моето молчење и кажување на мојата вистина, се надевам дека ова ќе послужи како мое наследство за моето семејство и ќе им покаже на преживеаните кои допрва треба да го најдат својот глас дека надежта и исцелувањето се можни“, рекла Валентино во изјавата што ја сподели нејзиниот адвокат.

ФОТО: Некогаш еден од најмоќните луѓе во Холивуд, сега затвореник кој пропаѓа – Прва слика на Бил Козби од затворот

Актерот Бил Козби излегува на слобода – укината пресудата за сексуално вознемирување

Бил Козби е виновен: Ќе мора да исплати 500.000 долари за сексуално злоставување

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот