Роберт Фицо - Фотографија ЕПА, Мартин Дивишек

Нова снимка од атентатот на Фицо: Од реакцијата, до првиот истрел, до затворање на вратата од лимузината

Финскиот јавен радиодифузен сервис Yle објави документарен филм за атентатот на словачкиот премиер Роберт Фицо, прикажувајќи го првпат целото видео, кога 71-годишен маж се обиде да го убие во мај 2024 година.

На снимката се гледа како напаѓачот отворил оган кон словачкиот премиер, се додека вратите од лимузината во која безбедносните службеници го сместиле ранетиот политичар не биле затворени.

Се гледа и обезбедувањето како го крева Фицо од земја, како и неговата реакција веднаш по пукањето.

Веста за прикажувањето на документарниот филм наречен „Улколинја“ во Словачка прв ја објави весникот „Денник Н“, а дополнително видеото го објавија словачките медиуми како Правда, СМЕ и ТА3, како и чешки и украински медиуми.

Креаторите на документарецот во моментот на емитувањето не знаеле дека во свои раце имаат претходно необјавен материјал, пишува Yle.

„Денот по објавувањето на документарецот, почнаа да ми се јавуваат од Словачка и да ме прашуваат од каде го добивме материјалот“, вели Марко Ленквист, продуцент и режисер на „Улколинја“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот