Фото: Unsplash

Нова шанса за малите српски производители на ракија

Во Крагуевац неодамна беше формиран Фонд за поддршка на малите производители на овошни ракии. Станува збор за иницијативата „Дестилати за дестилерии“ ,која предвидува стручна помош, набавка на опрема и загарантирана набавна цена.

Иницијативата ја покренаа Регионалната агенција за економски развој на Шумадија и Поморавље, Регионалната асоцијација на производители на ракија „Шумадија ракија“ и Центарот за ситни житарки и селски развој, објави агенцијата Бета. Во Србија има околу 1.100 дестилерии, а експертите сметаат дека ова е одличен начин за подобрување на пазарот, како и за ставање во легален промет на поголеми количества ракија.

Д-р Бранко Поповиќ, виш научен соработник во Институтот за овоштарство во Чачак, за Политика вели дека е среќен што нешто за што долго време се зборува во професионалните кругови, а тоа е вклучување на малите производители во синџирот на добивање ракии со врвен квалитет, конечно почна да се реализира. А досега, како што објаснува, поголемите производители, правни лица и претприемачи можеа да купуваат ракија на големо од помалите производители.

Според него, проблемот настанал таму каде што немало организиран откуп, па регистрираните фарми ќе се обидувале вишокот ракија, добиен од сопствен плод, да го продаваат на друг начин – како ракија во шишиња или на големо. Но, не на дестилерии, туку директно на ресторани, потрошувачи и слично, што со закон не е дозволено. Тој забележува и дека проблем бил нерамномерниот квалитет на ракијата што ја произведувале малите производители, кои биле понудени на продажба поради недоволното технолошко знаење и несоодветната опрема во руралните фарми.

Смета дека овие проблеми можат успешно да се решат со формирање на Фонд за поддршка на малите производители на овошни ракии, во рамки на иницијативата „Дестилати за дестилерии“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот