twitter.com/ManCityUS

НОВА СЕЗОНА, ЛШ: Елмас домаќин на Ливерпул, Дортмунд ја чека Барса!

Нова сезона (2019/20) во фудбалската ЛШ стартува со натпреварите од групите Е, Ф, Г и Х, денеска имаме неколку дерби мечеви. Борусија Дортмунд на својот „Сигнал Идуна Парк“ е домаќин на Барселона, а европскиот шампион Ливерпул гостува на „Сан Паоло“ кај италијанскиот вицешампион Наполи на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

А секако вреди да се одвои и пресметката на „Стемфорд Бриџ“ помеѓу Челзи и Валенсија. За лондонските „сини“ нема да играат Емерсон, Лофтус-Чик, Рудигер и ван Гинкел, а на спротивната страна за шпанскиот клуб во составот ќе недостасуваат Пичини и Солер.

Капитенот на Барса, Лионел Меси пред натпреварот од првото коло од групната фаза против Борусија Дортмунд, смета дека Каталонците имаат тешка група оваа сезона.

– Секоја година во Лигата на шампионите има рамномерен биланс на моќ, иако понекогаш е потешко да се победи. Ја добивме Борусија Дортмунд со која никогаш не игравме за време на мојот престој во клубот. Го видов стадионот на Дортмунд и секогаш го сакав заради навивачите и идентитетот на клубот. Го добивме и Интер. Пред една година игравме со него на патот, но тој натпревар го пропуштив поради повреда. Групата е комплексна, но тоа ја прави поинтересна нашата задача – рече Меси.

Лига на шампиони (2019/20)
Прво коло, двојки –

Е група: Наполи-Ливерпул (21.00 часот), Салцбург-Генк (21.00)

Ф група: Интер-Славија Прага (18.55), Борусија Дортмунд-Барселона (21.00)

Г група: Лион-Зенит (18.55), Бенфика-Лајпциг (21.00)

Х група: Челзи-Валенсија (21.00), Ајакс-Лил (21.00)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!