Нова научна студија открива: Компирите еволуирале од домати пред девет милиони години

Скромниот современ компир, првпат припитомен пред околу 10.000 години, се развил во Андите пред да стане клучна култура од која зависи светот. Но, бидејќи растенијата не се добро зачувани во фосилните записи, неговото потекло во голема мера останало мистерија.

Сега, тим од еволутивни биолози и геномски научници го проследи потеклото на оваа скробна состојка до случајна средба пред милиони години во која бил вклучен неверојатен растителен роднина: доматот, пишува „Си-ен-ен“.

Нова генетска студија објавена во списанието „Сел“ открива дека компирот потекнува од пред околу девет милиони години преку природно вкрстување помеѓу див домат и растение слично на компир во Јужна Америка.

Ова вкрстување довело до појава на клубени, подземно складиште на хранливи материи што му овозможило на компирот да се прилагоди на суровите и студени услови на Андите.

Истражувачите анализирале 450 геноми на култивирани компири и 56 геноми на диви видови, идентификувајќи два клучни гени важни за формирање на клубени.

За разлика од доматите, каде што јадливиот дел е плодот, кај компирите тоа е кртула, која може да складира хранливи материи и овозможува бесполово размножување.

Денес, компирот е една од најважните култури во светот, со околу 5.000 различни сорти.

Наодите од студијата би можеле да помогнат во подобрувањето на одгледувањето компири за подобро прилагодување кон климатските промени и другите еколошки предизвици.

Според Меѓународниот центар за компири во Перу, компирот е трета најважна храна во светот за човечка исхрана, по оризот и пченицата.

Кина во моментов е најголемиот производител на компири во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот