Нова интернет измама, не наседнувајте, ТАВ не продава за едно евро заборавени куфери

Уште една во низата измами се појави на социјалните мрежи. Овој пат, наводно меѓународниот аеродром Скопје ги продава заборавените куфери кои им стојат повеќе од 6 месеци по цена од едно евро, за да си го ослободи просторот. Кликнувањето на објавата води кон прашања со кои „докажувате“ дека сте вистинска личност, а потоа и кон уплатата од едно евро.

Измама

Од ТАВ, компанија која управува со скопскиот аеродром, а чие лого е злоупотребено на објавата, велат дека наскоро ќе пуштат соопштение да ја предупредат јавноста за измамата.
Креаторите на овој пост, организирано се обидуваат да им ги земат парите на граѓаните, па дури на коментарите дека е измама одговараат дека е вистина, дека им стигнал куферот.
„Ви благодарам Меѓународен Аеродром Скопје за ваквата прекрасна промоција, во куферот што го купив имаше очила ДИОР и камера. И беше само 1 евро, го препорачувам“, пишуваше во една од објавите.
Во друга некој измамник му се заблагодарува на аеродромот, иако чекал куферот да му дојде две недели.
Трет, проценува дека на овој начин заработил најмалку 65 евра.
Измамниците споделуваат и слики од наводниот куфер што го добиле преполн со облека.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот