Косово граница / Фото Архива

Глобочица-Јажинце, нов заеднички премин меѓу Косово и Македонија

Во среда, на 28 мај, ќе биде пуштен во употреба нов заеднички премин меѓу Косово и Македонија – Глобочица – Јажинце.

Претставници на Министерството за внатрешни работи на Македонија за РТК изјавија дека контролата на преминот – влез и излез ќе се врши во рамките на објектот што се наоѓа на територијата на Косово.

Да ве потсетиме, отворањето на заедничкиот премин Глобочица – Јажинце беше најавено претходно оваа година. Кон средината на април беше отворен интегрираниот премин Ѓенерал Јанковиќ-Блаце, управуван од косовските и македонските власти.

Во меѓувреме, имаше потврда дека се во тек преговори во врска со функционирањето на преминот Глобочица – Јажинце, според истиот принцип, информира Коссев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот