Фото: EPA

Нов скандал го „тресе“ кралското семејство: Пораки го откриваат односот на Сара Фергусон со педофилот Џефри Епстин

Нови е-пораки што протекоа во јавноста сугерираат дека војвотката од Јорк, Сара Фергусон, не била искрена во своите јавни изјави за прекинот на врската со покојниот педофил Џефри Епстин. Според сè изгледа, нејзината јавна осуда на постапките на Епстин била повеќе насочена кон заштита на сопствената репутација, отколку кон реално дистанцирање од него, пишува „Дејли мејл“.

Во е-пораките што ги доби „Мејл он сандеј“, војвотката изјавува дека Епстин бил „голем пријател“ и дека ѝ помагал во време кога се соочувала со финансиски потешкотии. Имено, во пораката од 22 јануари 2011 година, Фергусон пишува: „Како да ви се заблагодарам? Вие сте вистински пријател и еден ден ќе ви возвратам“. Иако подоцна јавно призна дека ги прифатила неговите пари, тврдејќи дека тоа било „огромна грешка“, таа го направила тоа во контекст на сè посилните медиумски притисоци насочени кон нејзините врски со Епстин.

Неколку недели подоцна, на 7 март 2011 година, војвотката даде интервју за „Лондон ивнинг стандард“, каде што повтори дека никогаш повеќе нема да има ништо со Епстин. Меѓутоа, според информациите од новите е-пораки што ги испратила на 26 април истата година, признава дека била под притисок кога го дала интервјуто, објаснувајќи дека ѝ било советувано да се дистанцира од парите на Епстин и од поврзувањето со него за да ја заштити својата кариера како авторка на книги за деца. Во таа порака додава и: „Простете ми што се одреков од вас. Тоа не го направив од сопствено убедување, туку за да ја заштитам својата работа“.

Овие е-пораки, кои станаа достапни за јавноста, ги доведуваат во прашање нејзините претходни изјави дека ги прекинала врските со Епстин поради неговите неморални постапки. Наместо тоа, изгледа дека поголем мотив бил зачувувањето на нејзината професионална кариера, особено во контекст на нејзините ангажмани во детски организации и како авторка.

Новиот скандал доаѓа само неколку дена откако војвотката и нејзиниот поранешен сопруг, принцот Ендру, повторно се обидоа да ја придобијат вниманието на јавноста, што предизвика широка критика, вклучително и нивното неодамнешно појавување на погребот на војвотката од Кент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот