Нов пожар во близина на Атина, каде што гореше минатата седмица

Во северозападниот дел на областа Атика, поширокиот  регион на Атина, во близина на планиското село Вилја, онаму каде што гореше минатата седмица, денеска изби нов шумски пожар, а превентивно беа евакуирани две села, јави дописничката на МИА од Атина.

Поради силниот ветер што достигнува и до осум Бофор, пожарот брзо се шири, а нефицијално предизвикана е и штета на домови.

Преку бројот за итни случаи 112, беше испратена порака до жителите на две села за превентивно да се евакуираат.

Од противпожарната служба на Грција соопштуваат дека интервенираат 167 пожарникари со 60 возила и два пешадиски тима, 61 пожарникар со 18 возила од Романија, 13 хеликоптери и осум авиони, меѓу кои и рускиот Бериев-200.

Паралено, пожарот што изби во текот на ноќта во јужниот дел на островот Евија, претпладнево беше локализиран, по што, поради силниот ветер, имаше ново разгорување.

И понатаму, интервенираат 64 пожарникари со еден пешадиски тим и 26 возила, а периодично пожарот го гаснат и девет хеликоптери и еден авион.

Портпаролот н грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите рече дека „размислувањата, сомнежите и заклучоците на сите се во конкретна насока за тоа како може да избие пожар во 2 часот наутро”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот