Фото: Инстаграм/Милица Павловиќ/Радмила Манојловиќ

Нов естраден судир: Рада Манојловиќ застана во одбрана на Милица Павловиќ, Карлеуша остро ѝ врати!

Конфликтот меѓу Јелена Карлеуша и Милица Павловиќ продолжува да биде во центарот на вниманието, а ситуацијата стана уште подраматична кога во расправијата се вмеша и пејачката Радмила Манојловиќ. Додека Карлеуша жестоко ја критикуваше својата поранешна пријателка, Павловиќ остана воздржана и одби да влезе во јавна дебата.

Сепак, Манојловиќ одлучи да ја поддржи Милица, што дополнително го разгоре медиумскиот интерес и доведе до нови реакции. Карлеуша претходно откри дека ја отследила Павловиќ на социјалните мрежи, што предизвика бурни коментари.

„Јас стојам зад Милица во ова што го доживува во моментов. Очигледно е дека против неа започнува медиумска хајка, а тоа не е фер. Никој не може да контролира мислења и одлуки на возрасни луѓе, па дури ни на најблиските. Не можете да ги промените уверувањата на некого ако тие се цврсто изградени, било да станува збор за семејство, пријатели или соработници. Може да укажете на нешто, но не можете да прекинете врска или соработка само затоа што некој има поинаков став“, напиша Манојловиќ, по што следуваа бројни позитивни реакции.


По исклучувањето на нејзиниот инстаграм-профил, Јелена Карлеуша повторно се активираше на X и со остар коментар реагираше на поддршката од Манојловиќ: „Се вратив на Икс само за Рада Манојловиќ да не биде највлијателната личност од Србија овде“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот