Фото: Противпожарно возило / илустрација

Ноќеска гореле два автомобили во Батинци и на гинекологија Чаир – семејство завршило во болница

Два автомобили се запалиле ноќеска, едниот на паркингот кај Клиниката за гинекологија во Чаир и во село Батинци, каде пожарот се проширил на семејна куќа па во болница завршиле сопружници и нивните деца.

Едниот пожар бил пријавен нешто пред три часот по полноќ кога се запалило возило „ауди“ со скопски регистерски таблици сопственост на триесет и седумгодишен скопјанец.

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од граѓани кои се затекнале на местото.

Другиот пожар бил пријавен неколку минути пред 4 часот исто така во СВР Скопје. Пожарот настанал во возило „БМВ“ кое било паркирано во гаража во куќа.

-Од пожарот бил зафатен и еден кат од куќата, а поради вдишување чад А.М., неговата сопруга Љ.М. и нивните две малолетни деца биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот – соопшти МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот