Фото: Mike CLARKE / AFP / Profimedia

Ноел и Лијам Галагер најавија можно обединување на „Оазис“: Објавија мистериозна порака на своите инстаграм-профили!

Ноел и Лијам Галагер, браќата кои беа столбот на поранешната музичка група „Оазис“, објавија мистериозна порака на своите инстаграм-профили, со што ги подигнаа надежите на нивните обожаватели дека се планира нов заеднички проект.

Кавгата меѓу браќата траеше со години и двајцата тврдеа дека нема шанси да дојде со смирување.

Ноел пред неколку години изјави дека повторното обединување на „Оазис“ може да се случи, но за 100 милиони фунти (што е речиси 120 милиони евра). Наведувајќи ја оваа неверојатна бројка, Ноел објасни дека целата музичка индустрија не може да издвои толкава сума на пари. Тоа, всушност, беше коментар на изјавата на неговиот брат, кој претходно изјави дека на групата ѝ била понудена многу голема сума за повторно обединување, но дека Ноел не бил задоволен со таа бројка.

Фото: © Guido Schiefer / imago stock&people / Profimedia

Дали некој бил подготвен да издвои толкава сума треба да дознаеме утре (27 август) во раните утрински часови, кога тие ќе соопштат за што, всушност, се работи.

Британскиот „Тајмс“ пишува дека упатените од музичката индустрија се „убедени дека групата повторно ќе се обедини“ и дека ќе направат турнеја во чест на 30-годишнината од албумот „Definitely Maybe“.

Музичката група „Оазис“ беше формиранa во 1991 година и доминираше на топ-листите во Велика Британија во текот на деведесеттите. Нивниот прв албум „Definitely Maybe“ стана најбрзо продаваното деби на сите времиња, а вториот, „(What’s the Story) Morning Glory?“, им обезбеди статус на рок ѕвезди.

Триесет години подоцна, тие сè уште се меѓу најслушаните, со повеќе од 21 милион слушатели на платформата Спотифај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!