Нобелова награда за медицина за 2025 / Фото: EPA/CLAUDIO BRESCIANI/TT SWEDEN OUT

Нобеловиот комитет не може да контактира добитник на наградата зашто е на планинарење

Нобеловиот комитет за медицина не можеше да стапи во контакт со еден од овогодинешните добитници, американскиот имунолог Фред Рамсдел, кој не беше достапен во времето на печатење, додека планинарел во Ајдахо.

Рамсдел, заедно со Мери Брунков од Сиетл и Шимон Сакагучи од Универзитетот во Осака, ја доби Нобеловата награда за медицина за 2025 година за откритија поврзани со функционирањето на имунолошкиот систем, особено регулаторните Т-клетки кои го спречуваат телото да ги напаѓа сопствените ткива, пишува Гардијан.

„Се обидувам да го контактирам, но мислам дека планинари во оддалечен дел од Ајдахо“, рече колегата и пријател Џефри Блустоун.

Нобеловиот комитет, исто така, имаше тешкотии во воспоставувањето контакт со Брунков, бидејќи двајцата се од западниот брег на САД, девет часа разлика со Стокхолм, но сепак успеаја да ја контактираат подоцна.

Генералниот секретар на Нобеловиот комитет, Томас Перлман, рече дека напорите да се извести Рамсдел за наградата сè уште се во тек.

Рамсдел (64), виш советник во „Сонома Биотерапевтикс“, и Брунков (63), виш истражувач во Институтот за системска биологија во Сиетл, заеднички идентификуваа клучен механизам што ја регулира имунолошката толеранција во 2001 година, надоградувајќи се на откритието на Сакагучи од 1995 година.

„Нивните откритија поставија темели за ново поле на истражување и го поттикнаа развојот на нови третмани, вклучително и третман на рак и автоимуни болести“, се вели во соопштението.

Добитниците ќе ја поделат наградата во износ од околу 1,2 милиони долари и ќе добијат златен медал, кој ќе им го врачи шведскиот крал Карл XVI Густав.

Нобеловиот комитет се соочил со слични ситуации и претходно – во 2020 година, лауреатите за економија Боб Вилсон и Пол Милгром исто така не одговорија веднаш на повиците од Стокхолм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот