Новата гувернерка на Њујорк, Кејти Хокул/ Фото: EPA-EFE/Peter Foley

Њујорк ја добива првата жена гувернер

Кејти Хокул, која беше заменик гувернерка на државата Њујорк, за време на поранешниот гувернер Ендрју Куомо, ќе стане првата жена гувернер на Њујорк, откако Куомо вчера си поднесе оставка, пренесува АП.

Хокул (62) ја превзема позицијата гувернер на Њујорк во едно од најкритичните моменти за државата, кога тие се соочуваат со новиот бран на коронавирусот и со последиците од скандалот на Куомо.

„Се согласувам со одлуката на гувернерот Куомо да се повлече од функцијата. Ова е правилниот потег и е во најдобар интерес за граѓаните на Њујорк“ истакна Хокул на Твитер.

„Како некој што служел во сите нивоа на владата, следејќи се по линијата на наследтсво, спремна сум да бидам 57-миот гувернер на државата Њујорк“ додаде таа.

Гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо ќе поднесе оставка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот