Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Ништо од Лига Европа: Шкендија продолжува во Конференциската лига

Македонскиот првак Шкендија не успеа да ја задржи минималната предност од првиот дуел со Лудогорец и со пораз од 4-1 во Разград го заврши својот настап во плејофот за Лигата на Европа.

Бугарскиот шампион започна фуриозно, па веќе во 9. минута преку Куртулус поведе со 1-0. До крајот на полувремето, Чочев ја зголеми предноста на 2-0, со што домашните ја презедоа контролата над двомечот.

Шкендија кратко ја врати надежта во второто полувреме. Тамба во 64. минута погоди за 2-1, што значеше израмнување во вкупниот резултат и обезбеди продолженија. Сепак, во екстра времето Текпетеј (98’) и Биле (122’) беа прецизни и ја потврдија убедливата победа на Лудогорец.

Со овој пораз, Шкендија не успеа да го повтори подвигот на Вардар од 2017 година, кој останува единствениот македонски клуб што играл во групната фаза од второто по ранг европско клупско натпреварување. Европската сезона, Шкендија ја продолжува во лигашкиот дел од Конференциската лига.

Навивачите на Шкендија во Разград истакнаа албанско знаме, Бугарите се изненадија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот