Нина Дуковска ни препорачува: Израдувајте ги најблиските со вкусни чоколадни пралини – од само три состојки!

„Навистина излезе вкусно и уникатно, но благодарение на оваа мешавина на чоколади.“

Потребни состојки:

  • калапи за колачи
  • 200 грама темен чоколаден крем
  • 200 грама чоколадни капки
  • 200 грама црно чоколадo

Подготовка:

Чоколадните капки стопете ги на пареа. Потоа ставете ги во калапите.

Оставете  го калапот во замрзнувач 15 минути и потоа извадете.

Наполнете ги со темниот чоколаден крем. Ставете го калапот повторно во замрзнувач околу 15 минути.

Растопете го и црното чоколадо.

Одозгора прелијте со црно чоколадо, убаво на сите страни за да не останат дупки.

Оставете ги калапите во замрзнувач околу 1 час.

Навистина излезе вкусно и уникатно, но благодарение на оваа мешавина на чоколади.

НА ЗДРАВЈЕ!


За повеќе вакви рецепти, заследете ја ОВАА ФЕЈСБУК ГРУПА и ОВОЈ ИНСТАГРАМ ПРОФИЛ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот