Фото: МИА

Николов: Одложувањето на пописот е исилена разумна одлука

Одложувањето на пописот е исилена разумна одлука, затоа што спроведување на операција попис при која многу луѓе ќе имаат контакт само дополнително го зголемува ризикот за новоинфицирани. Ние сме во третиот бран, а пикот се очекува околу 10 до 15 април, а не се презема ништо. Пред една недела имаше и партиски избори кои исто беа опасност за ширење на вирусот, рече доктор Игор Николов, претседател на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата „Што не е јасно“ што се емитува на телевизија Алфа.

Според него, „р“ индексот не расте, но значи ширењето постои и понатаму што може да се види и по број на хоспитализиарни и почнати.

– За жал, денес е највисока бројка во третиот бран и тоа е потвдра дека е разумна одлука одложувањето на пописот, ама донесена е под притисок и барања на ВМРО ДПМНЕ, рече Николов.

Николов укажа дека ова што денес се случи потврдува дека она што медицинската фела го сугерира, а тоа е дека Комисијата за заразни болести носи политички одлуки.

– Нема професионалност во Комисијата за заразни болести, нема професионализам воопшто во Лекарската комора. Состојбата во здравството е таква затоа што нема професионализам, нема слобода на мисла на професионалците дадат свое мислење, кажа Николов.

Ситуацијата, според него, кажува дека мора да следат оставки не само на министерот за здравство Венко Филипче, туку и на првиот човек на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот