Александар Николоски / Фото: Влада на РСМ

Николоски вели дека автопатот Кичево-Охрид ќе бил „симбол за работењето на оваа влада“

„За автопатот Охрид – Кичево во минатото најмногу се коментирало и најмногу се лажело. Но јас цврсто стојам на моето ветување дека до почетокот на летната сезона ќе го пуштиме во употреба од село Врбјани до Охрид, а до крај на 2026 година целосно ќе го изградиме“, рече вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски во гостувањето во Дневникот на ТВ Сител.

„Ова е проект кој е најмногу коментиран во јавностa и нaјмногу се лажело во јавноста. И затоа решив најмалку да зборувам и најмногу да работам на него и петти месец како министер сум и првпат излегувам на терен. Со апсолутна убеденост ќе го повторам тоа што веќе го кажав, а тоа е дека од селото Врбјани до Охрид со еден мал исклучок кај Ботун, бидејќи таму има лизгање на земјиштето, ќе имаме цело автопатско решение пред почетокот на летната сезона. Паралелно кај селото Ботун од денеска започнавме со рехабилитација на постојниот пат за да и тоа биде пријатно возење, а во следниот период ќе почне целосна рехабилитација на планинскиот превој Пресека, затоа што истиот ќе се користи до крај на 2026 година. Додека во однос на вториот дел од автопатот од Врбјани па се до над Кичево, ќе биде завршен до крајот на 2026 година и стојам позади тие ветувања”, рече Николоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот