Фото: Министерство за транспорт

Николоски се сретна со Аксинте, разговарале за воспоставување директна авиолинија Скопје-Букурешт

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и амбасадорката на Романија, Адела Моника Аксинте денеска на средба, меѓу останатото, разговарале за можностите за воспоставување директна авиолинија Скопје-Букурешт како и поврзување со аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид.

На средбата на Николоски и Аксинте за актуелните политички и економски односи меѓу двете земји, акцент бил ставен на економската соработка и инвестициите.

-Министерот Николоски ја запозна амбасадорката со владината агенда во делот на реализација на капиталните проекти, потенцирајќи ги инфраструктурните проекти. Исто така тој додаде дека Владата е посебно фокусирана на квалитетно и брзо поврзување со земјите од Централна Европа. На средбата се разговараше и за воспоставување на директна авиолинија Скопје-Букурешт како и поврзување со аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, информира Министерството за транспорт и врски.

Како што информираат од Министерството за транспорт, било истакнато и прашањето за процесот на реформи што се спроведуваат како дел од интегративниот пат на земјата во Европската Унија, при што министерот Николоски потенцирал дека Владата е максимално посветена за обезбедување на забрзан економски развој и унапредување на владеење на правото и борбата против корупцијата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот