Никола Миротиќ Фото: EPA/SEBASTIEN NOGIER

Никола Миротиќ е МВП на второто коло во Евролигата

Кошаркарот на Монако, Никола Миротиќ, е прогласен за најкорисен играч (МВП) на второто коло во Евролигата, откако одигра извонреден натпревар во победата над Дубаи со 103-81.

Миротиќ постигна 19 поени, запиша седум скокови и четири асистенции за само 20 минути на паркетот. Со индекс на корисност 32, ова е негово 11-то МВП признание во најелитното европско кошаркарско натпреварување.

Иако Хуанчо Ернангомез од Панатинаикос имаше највисок индекс на колото (39), неговиот тим загуби од Барселона, па Миротиќ го доби признанието. Добар натпревар одигра и Вејд Болдвин (Фенербахче), но и тој остана без победа.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот