Никој не даде оставка за Кочани – Тошковски и тоа како има одговорност, вели Крстевски

Јавноста во Кочани будно ќе го следи судскиот процес за трагедијата во Кочани и нема да дозволиме да се тргува со жртвите, вели в.д. градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски во интервју за Радио слободна Европа.

За него е иритирачки тоа што за трагедијата во Кочани во која загинаа 62 лица никој не поднесе оставка и не сноси морална одговорност.

– Ние не видовме морална одговорност од никој. Па зар некој не треба да каже: сам си поднесувам оставка од морални причини. Еве, претходниот градоначалник на општина Кочани, господинот Љупчо Папазов, овде кај вас во емисија ви кажува: тој немаше ни храброст да излезе да си поднесе оставка, туку со статус го направи, и прашање е колкаво влијание има неговата желба да си поднесе оставка, бидејќи информациите кои што ги имам јас, на денот кога тој си поднесува оставка, сабајлето во понеделник имал брифинг со вработените во општината и ништо не им најавил. Значи, тој ја поднесува оставката подоцна. Нешто претпоставувам сНикој не даде оставка за Кочани – Тошковски и тоа како има одговорност, вели Крстевски сНикој не даде оставка за Кочани – Тошковски и тоа како има одговорност, вели Крстевск сѐ има случено во меѓувреме. На Фејсбук напиша оставка – вели Крстевски.

Според него, најголема морална одговорност има министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

– Еве во оваа ситуација конкретно – министерот за внатрешни работи. Јас не велам дека негова е одговорноста правно формално, меѓутоа тој и тоа како има одговорност, како една година министер, најмалку од сѐ да биде позитивен политички пример дека мора некогаш да почне да се сноси морална одговорност – додава Крстевски.

Тој го критикува и пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ од Кочани, Миле Лефков, кој според него нема излезено ниту на еден марш на родителите на загинатите иако им бил професор на голем дел од жртвите. Го повика и премиерот Христијан Мицкоски да се појави во Кочани.

– Јас сум разочаран што се уште, посебно премиерот, нема дојдено во Кочани и во неколку наврати го повикав лично, вратата во општина Кочани за него е отворена, бидејќи тој е премиер на сите граѓани на оваа држава и само со помош на централната власт ние можеме да го издигнеме Кочани во следниот период и таа помош е неминовна и тие имаат должност спрема нашиот град за да помогнат. Така. Исто и пратеникот – не видовме дека има некакви комуникации со жртвите.

Пратеникот овде може да се согласи, за целата кочанска јавност е срам за градот. Најпрвин, тоа што не се појавил на ниту еден од маршовите досега, а бил професор на повеќе од половина од тие деца кои што починале. Срам да му е, нема помрднато ни со прст, се труди со популистички цели за 2 милиона денари за споменик, а не гласа и не дава поддршка за материјално обештетување на родителите на починатите деца и исто така не направи ништо посебно за градот во последниот период. Еве, зошто не го артикулира прашањето и за градинката. Каде е тој да реагира во собрание зошто не се отвара градинка повеќе? – додава Крстевски во неделното интервју.

Марш за ангелите во Кочани, продолжува борбата за правда: Судиите право да судат!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот