
Никогаш не сме ставиле вето, рече Радев пред Сиљановска Давкова: „Бугарија не блокира“
Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија никогаш не ставила, ниту ќе стави вето на европскиот пат на Македонија. Изјавата ја даде на заедничка прес-конференција со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и албанскиот претседател Бајрам Бегај, по Самитот на ПСЈИЕ.
Препорачано
– Постои Договор за добрососедство, пријателство и соработка од 2017 година и два протоколи. Постои Преговарачка рамка од 2022 година, европски консензус од сите земји членки и од Владата на Северна Македонија, така што Бугарија никогаш не поставувала, ниту ќе поставува услови надвор од тој договор, надвор од преговарачката рамка и од двата протокола, рече бугарскиот претседател, според БГНЕС.
Тој нагласи дека Бугарија не поставува блокади, туку само повикува на спроведување на веќе постигнатите договори.
Радев додаде дека Софија очекува реален напредок во почитувањето на човековите права и дека ја поддржува Македонија, но со почитување на европските стандарди.
Претседателката Сиљановска-Давкова изјави дека Скопје не добива доволна поддршка од соседите, на што Радев возврати дека проблемите се внатрешни и поврзани со владеење на правото.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4час
-
4час
-
4час
-
4час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5