Нико Пешели, министер за одбрана на Албанија/Фото: МИА

Нико Пелеши избран за претседател на новиот албански парламент

Социјалистот Нико Пелеши, кој беше единствен кандидат,  доцна попладнево е избран за претседател на новиот албански парламент.

Со тајно гласање тој доби 84 гласови од  87 пратеници колку што учествуваа во гласањето. Опозицијата, која беше против името на Пелеши да биде на оваа функција, го бојкотираше гласањето и наместо гласачко ливче, Сали Бериша, фрли транспаренти против владата „Рама 4“ во гласачката кутија, но не успеа да го попречи текот на гласањето.

Забладарувајќи се на довербата, големата чест и одговорност, која ја прифаќа со понизност и посветеност, Пелеши додаде дека е „Чест и одговорност да служам во овој историски момент, на патот кон ЕУ“.

„Денеска е наш ред да ги отвориме вратите на Албанија кон европското семејство, ќе одиме со транспарентност, инклузивност на секој чекор. Албанија е една од најпроевропските нации во Европа. Ова не е само заклетва, туку обврска што бара континуирана работа кон европското патување кое е поблиску од кога било во оваа историја. На ова патување, Собранието е многу важна институција“, вети тој по изборот.

Нико Алекс Пелеши е роден во Корча, бил министер за одбрана и потпретседател на влада. Бил префект на Округот Корча од 2004 до 2005 година и градоначалник на Корча од 2007 до 2012 година. Пратеник е од 2019 година.

На 11-те парламентарни избори по падот на комунизмот, одржани на 11 мај,  83 мандати обезбеди владејачката Социјалистичка партија, 50 изборната коалиција “За величествена Албанија” предводена од Демократската партија, три мандати Социјалдемократската партија, два Партијата на можности и по еден „Албанија се издига“ и Движењето „Заедно“.

Од 140 пратеници колку што брои албанскиот парламент 75 се избрани за првпат. Од вкупниот број 35 отсто или  50 се жени.  Просечната возраст на пратениците е 47,5 години.

Доаѓаат од различни професии: 32 од правото, 31 од економија, а други припаѓаат на области како што се медицина, природни науки, општествени науки, политички науки, како и инженерство, уметност и претприемништво. За првпат четворица се новинари,  25 имаат степен „доктор на науки“, а пет имаат звање „универзитетски професор“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот