
НФЛ играч помина повеќе време во затвор за убиство на куче отколку сите полицајци кои убија дури 493 Афроамериканци
САД е на нозе поради убиството на Џорџ Флојд од страна на полицаец во Минеаполис.
НБА ѕвездата Ајзеа Томас остана во шок кога ги виде споредбите помеѓу случајот на поранешниот НФЛ играч Мајкл Вик и тоа што се случува на улиците низ САД.
Препорачано
Вик во минатото организираше илегални борби со кучиња и притоа уби помеѓу шест и осум кучиња за што доби затворска казна од 18 месеци.
Томас на својот профил на Твитер ја сподели информацијата дека Мајкл Вик поминал подолго време во затвор отколку сите полицајци кои убиле дури 493 Афроамериканци.
Damn!!!! https://t.co/vG4c81RNxy
— Isaiah Thomas (@isaiahthomas) May 30, 2020
Оваа информација се појави откако САД е на нозе по убиството на 46-годишниот Џорџ Флојд и тоа од страна на полицаецот Дерек Човин кој дури осум минути му го пристикаше вратот со коленото иако несреќниот Афроамериканец ги молеше полицајци и им велеше дека не може да дише.
Поради овој случај но и честите убиства на Афроамериканци во САД, својот глас го кренаа и голем број спортски ѕвезди како Леброн Џејмс, Колин Каперник, Стивен Џексон…