Фото: EPA-EFE/QUIQUE GARCIA

Неверојатни се клаузулите во договорот на Меси со Барселона!

Во Барселона настана хаос откако беа објавени деталите за „фараонскиот“ договор на Лионел Меси со каталонскиот гигант.

Шпанскиот дневен весник „Ел Мундо Депортиво“ откри дека Лионел Меси во Барселона од 2017 година има заработка од 555.237.619 милиони евра евра за четири години благодарение на актуелниот договор кој го потпиша во 2017 година, а истекува на 30 јуни годинава.

За лојалност кон клубот, ќе добие минимум 66 милиони евра

Во сторијата под насловот „Фараонскиот договор на Лео Меси кој ја уништи Барселона“, Мундо пресмета дека Меси заработува 138 милиони евра годишно во текот на четири сезони врз основа на неговиот тековен договор со бонуси.

„Марка“ објави дрим-тим кој можеше да го купи Барса за 555 милиони евра!

Постојат неколку луди клаузули во договорот, а ги објави „Оле“ –

Една од клаузулите се однесува на лојалност и таа изнесува 66,2 милиони евра. Ова е сумата што Меси ќе ја заработи оној ден кога ќе одлучи да ја напушти Барселона и така ќе биде награден за останувањето во клубот. Чави и Андрес Иниеста имаа слични клаузули.

Договорот содржи и клаузули кои се активираат во зависност од пласманот во Лигата на шампионите и освојувањето титули во „Ла Лига“ и Кралскиот куп.

Хаос во Барса поради Меси, грмат адвокатите кои најавуваат тужби!

Постои клаузула дури и доколку Каталонија се оддели од Шпанија –

Меси имаше и бонус за добивање на паричен надоместок доколку ФИФА му додели титула за најдобар играч во светот.

Аргентинецот исто така добиваше бонуси и доколку играше најмалку 60 проценти од натпреварите за клубот во една сезона, а тука се сметаат и мечевите на кои имал најмалку 45 минути на теренот. Ова се разликува од договорите на другите играчи од кои се бараше да постигнат минимум 60 минути на натпревар.

Најчудната клаузула е поврзана со независноста на Каталонија. Имено, во договорот стоеше дека Меси може да го напушти клубот без обештетување доколку Каталонија се одвои од Шпанија, бидејќи во тој случај Барселона веројатно не би играла во „Ла Лига“.

ВИДЕО: Јубилеј на Лео Меси во одмаздата на Барселона!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот