фото: basket.co.il/

Неверојатна тројка за триумф во последната секунда! (ВИДЕО)

Кошаркарите на Макаби Ришон со тројка во последната секунда го совладаа Хапоел Ерусалим.

Сезоната во израелската лига се ближи кон својот крај, а после еден спектакуларен натпревар го добивме и првиот финалист, а тоа е Макаби Ришон.

Тие со резултат 100:97 беа подобри од Хапоел Ерусалим, благодарение на неверојатната тројка која Ариел Адам ја реализираше во последните моменти од мечот.

Имаше уште 1.1 секунда до крајот на средбата, а Ариел од многу тежок агол, надвор од баланс успеа да донесе триумф.

Макаби Ришон во финалето ќе игра против победникот од пресметката Макаби Тел Авив и Гилбоа Галил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот