ковид-19 болниц
Фото: EPA-EFE/DIMI CHAROUSIS

Невакцинираните здравствени работници во Грција може да останат без работа по 31 март

 Невакцинираните здравствени работници во Грција кои веќе неколку месеци се на принуден одмор, поради воведената задолжителна вакцинација, можно е по 31 март, кога и истекува конкретната одлука, да останат без работа, според министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, кој сепак, објасни дека сè уште не е донесена конечна одлука, јави дописничката на МИА од Атина.

Плеврис, во интервјуто за грчката телевизија „Скај” објасни дека на 31 март истекува мерката здравствените работници кои не се вакцинирани да бидат на принуден одмор, а дотогаш одново ќе се разгледа, дали ќе се продолжи истата мерка или пак ќе се донесе одлука да не бидат дел од здравствениот систем.

-Како министер излегов со став и препорачав оние кои не се вакцинирани, по 31 март, не само да останат на принуден одмор, туку треба и да не можат да ги даваат нивните услуги на националниот здравствен систем. Но, очигледно тоа ќе биде одлука на централната власт. Ако предлогот за кој говорам биде прифатен, тоа значи дека невакцинираниот здравствен работник нема да има основна формална квалификација да ја дава услугата и автоматски, не станува збор за отказ, туку самиот се става надвор од националниот здравствен систем. Друго решение не постои, објасни министерот за здравство на Грција.

Во однос на бустер дозата и дали таа ќе биде задолжителна за здравствените работници, Плеврис рече дека не постои никакова законска одредба, ниту пак Владата има намера да го поврзе непримањето на третата доза со прекин на работата.

Сепак, од следниот понеделник, ќе престане да важи сертификатот за вакцинација на сите полнолетни граѓани кои се вакцинирале пред седум месеци, а сè уште не примиле бустер доза и автоматски ќе се сметаат за невакцинирани.

извор МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот