Бенјамин Нетанјаху / Фото EPA-EFE/LEO CORREA / POOL

Нетанјаху: Договор за делумно примирје и ослободување на заложниците не е на маса

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го повтори својот став дека договор со Хамас за делумно прекин на огнот и ослободување на заложниците „не е на маса“, објавија денес израелските медиуми.

За време на шестчасовната седница на израелскиот кабинет за безбедност, министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир се залагаше за гласање против предлогот за прифаќање на какви било делумни договори, на што Нетанјаху одговори дека „нема потреба од гласање бидејќи тоа не е на маса“, објави „Тајмс оф Израел“.

Нетанјаху за време на состанокот рече дека претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, го повикал и му рекол дека не прифаќа никакви делумни договори со Хамас и дека наместо тоа се бори „со таа терористичка група со полна сила“.

„Заборавете на делумните договори. Одете со полна сила и завршете го тоа“, наводно му рекол Трамп на Нетанјаху, според израелскиот весник.

Пред состанокот на кабинетот за безбедност, „Канал 12 њуз“ цитираше неименувани извори кои велат дека Трамп врши зголемен притисок врз Нетанјаху што побрзо да го победи Хамас.

Реагирајќи на изјавите на премиерот на Израел, Форумот на семејства на заложници и исчезнати лица изјави дека Нетанјаху ги отфрла делумните рамки за кои претходно се согласил и дека води стратегија која „не е стратегија за преговори, туку стратегија на опструкција“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот