Нешто не е во ред со мозокот на астронаутите кои поминале шест месеци во вселената, велат научниците

Научниците го проучувале когнитивното однесување на астронаутите кои поминале шест месеци на Меѓународната вселенска станица и дошле до некои фасцинантни, но во исто време и загрижувачки откритија.

Како што е наведено во трудот објавен во списанието Frontiers, тимот предводен од истражувачот од Лабораторијата за бихевиорално здравје и перформанси на НАСА, Шин Дев, открил дека когнитивните способности на астронаутите не биле значително нарушени по враќањето на Земјата, пишува Futurism.com.

Меѓутоа, низа тестови покажле дека нивните когнитивни способности се забавени за време на нивниот престој во вселената.

Брзината на обработка на информации, визуелната работна меморија, одржувањето на вниманието и склоноста кон преземање ризици, се покажало дека се најчувствителните когнитивни домени на промените во услови на ниската орбита на Земјата.

„Овие домени се особено подложни на промени кај висококвалификуваните професионални астронаути“, изјавија истражувачите.

Сепак, резултатите се донекаде смирувачки: какви промени да претрпи човечкиот мозок во вселената, се чини дека не се трајни.

„Покажуваме дека нема докази за значително когнитивно оштетување или невродегенеративно опаѓање кај астронаутите кои поминале шест месеци на Меѓународната вселенска станица“, изјави Дев.

„Животот и работата во вселената не беа поврзани со широко распространето когнитивно оштетување што би укажало на значително оштетување на мозокот“.

Вкупно 25 професионални астронаути учествуваа во тестирањето осмислено да ја процени брзината и точноста на нивните когнитивни способности пред, за време и по шестмесечен престој на вселенската станица.

Истражувачите откриле дека брзината на обработка на информациите, работната меморија и вниманието биле забавени во вселената, иако резултатите останале еднакво точни како на Земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот