
Несекојдневен скандал во мало француско гратче: Гатачка го измамила градоначалникот, сега и двајцата се во затвор
Градот Агде на медитеранскиот брег можеби е познат по своите прекрасни песочни плажи и топлото време преку целата година, но има репутација и за диви секс забави.
Препорачано
Градот е дом на најголемата „свингерска“ заедница во Европа. Десетици илјади парови секоја година одат во градот од цела Европа за да ги заменат партнерите.
Но, во моментов, градот се опоравува од сосема нов скандал во кој остатокот од Франција гледа со неверување. Станува збор за локална гатачка и градоначалникот на градот, Жил д’Еторе, поранешен офицер на тајната служба и полицаец.
И двајцата сега се во затвор додека се под судска истрага. Гатачката Софија Мартинез се соочува со обвиненија за проневера на градоначалникот, додека тој самиот е обвинет за корупција затоа што трошел на неа раскошни суми пари на даночните обврзници.
Мартинез има репутација дека може да зборува со мртвите. Кога градоначалникот побарал од неа да го стави во контакт со неговиот починат татко, таа успеала. Додека изведувала сеанси, нејзиниот глас наеднаш се менувал и го добил тонот на таткото на градоначалникот.
Во изминатите четири години се тврди дека таа лично и телефонски манипулирала со градоначалникот со извонредни вентрилокистички вештини.
Тој добил илјадници мистериозни повици како „гласови“ на мртвите, вклучително и ангели, некои од нив го повикувале градоначалникот да ѝ помогне на гатачката. И тука доаѓа корупцијата.
Се тврди дека градоначалникот платил раскошни одмори за Мартинез и нејзиното семејство, вклучително и за Полинезија и Тајланд, за сите користејќи јавни средства. Наводно, „гласовите“ го убедиле да вработи неколку членови од нејзиното семејство да работат во градскиот совет и исто така да го реновира нејзиниот дом. Локалните бизниси со врски со градоначалникот ја извршуваа работата бесплатно од страв да не ги загубат идните договори со него.
Со целото внимание, адвокатот на градоначалникот, Жан Марк Даригед преку ноќ е претворен во мала славна личност.
„Тоа е луда приказна“, вели тој за Би-Би-Си. „Неверојатно е затоа што имате човек во политиката, градоначалник и поранешен пратеник кој е многу интелигентен. И откривате дека со таков маж може да манипулира жена“.
„Ова е жена која влезе во неговиот живот и рече дека можам да разговарам со твојот починат татко. Таа нашла кај него ментална слабост и ја искористила за лична корист. Помина долго време пред да прифати дека е измамен“, додава Даригејд.
Но, адвокатот на Мартинез, Лук Абраткиевич, има поинаков став.
„Таа призна дека ја изневерила довербата на градоначалникот, но тоа не е случај на манипулација затоа што го поседувала она што го направила, а други клиенти, вклучувајќи лекари и архитекти, рекле дека има мистична моќ“, вели тој. „Таа откри детали за нивните животи за кои никој друг не знаеше“.
Екстремната десница постигна значителни придобивки во овој дел на Франција во последните години. Една од најгласните критичари на градоначалникот е Фабиен Варесано, локален политичар од Националната партија на Марин Ле Пен. Таа го повика градоначалникот да поднесе оставка.
„Тој може да биде дарежлив, заљубен во многу различни жени, тоа е неговиот личен живот. Но, користењето на парите на даночните обврзници, тоа е друга приказна“, вели таа.
Судијата ги држи во притвор и градоначалникот и гатачката за да спречи манипулирање на потенцијалните сведоци. Мартинез е преместена во самица откако била нападната во затворот за жени, а затворениците ја обвинувале за вештерство.