Фото: Принтскрин

НЕСЕКОЈДНЕВЕН НАСТАН: Стотици мртви птици на улица во Британија, никој не ја знае причината (ВИДЕО)

Во Велс, вчера, жена по име Хана Стивенс, била сведок на несекојдневен настан, откако кога се враќала дома, забележала јато птици мртви на патот, пренесуваат британските медиуми.

– Ме повика на телефон и ми кажа дека не може да верува што видела. Да бидам искрен, ниту јас веднаш не и поверував – вели партнерот на Хана, кој не го криел своето изненадување кога слушнал за инцидентот.

Едвард решил да оди на местото и самиот да види што точно се случило.

– Беше многу вознемирувачко. Мислам дека видов над стотина мртви птици. Инстинктот ми вели дека се отруени, но не знам. Тешко е да се каже – рекол Едвард.

Парот ја контактирал полицијата и Агенцијата за заштита на животните која веднаш почнала истрага.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот