Лионел Меси летово ја напушти Барселона по 20 сеозни и се пресели во ПСЖ/август 2021 година/Париз, Франција/фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Нервоза во ПСЖ: „Лекип“ пишува лаги и невистини

Магазинот „Лекип“ со својата објава за примањата на Лионел Меси во ПСЖ внесе нервоза во управата на „светците“.
Имено, „Лекип“ објави дека Меси може да заработи дури 110 милиони евра доколку остане на „Паркот на принцевите“ до крајот на договорот, но овој напис го налути спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо.

Леонардо ваквите написи ги нарече „лаги“ и откри дека договорот е потпишан на две, а не на три години, додека сумите кое се споменуваат според Бразилецот „не се ниту блиску до вистината“.

– Тоа што се случува е апсолутно недозволиво. Се објавуваат лаги, што само покажува недостаток на доверба и тоа воопшто не ни се допаѓа. Постојат клаузули за доверба и тајност, но можам да кажм дека тоа што се пишува не е блиску до вистината. Договорот е потпишан на две години и тоа е првата грешка. Во текстот има уште многу работи кои не се вистинити – изјави Леонардо.

Викендов „Лекип“ објави дека платата на Меси во првата година ќе изнесува 30 милиони евра, а во наредните две години ќе биде 40 милиони евра нето. Тоа е приближно на сумата која Аргентинецот требаше да ја добие доколку останеше во Барселона.

Интересно е што „Лекип“ пишува и дека Меси не добил никаков бонус за потпис со ПСЖ, но во договорот постои бонус за лојалност кој ќе му носи по 15 милиони евра годишно. Покрај тоа, Меси дел од платата ќе добие и во криптовалути, односно околу милион евра годишно би му биле исплаќани во криптовалути.

Незамисливи бројки: Еве колку заработува Меси во ПСЖ

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот