Надгробната плоча со името на професорот Фридлендер на гробиштата Штансдорф кај Потсдам / фото: Протестантска црква на Бранденбург, Берлин и дел од Саксонија

Неонацист погребан во поранешен гроб на еврејски професор во Германија, Протестантската црква го осуди чинот

Германската Протестантска црква и повеќе други организации го осудија случајот во Германија, во кој еден неонацист бил погребан во гроб во кој порано почивал Евреин – професорот Макс Фридлендер, пишува Би-би-си.

Посмртните останки на професорот биле преместени во друг гроб во 1980 година, но на гробиштата во близина на Берлин сѐ уште стои надгробниот споменик со неговото име.

Во петокот, во гробот бил погребан човек кој бил познат како негатор на Холокаустот, како и по неонацистичките убедувања.

Локалниот епископ Кристијан Штеблајн го нарече случајот на едно од најголемите протестантски гробишта во земјата, Штансдорф кај Потсдам, „ужасна грешка“.

Професорот Фридлендер, кој починал во 1934 година, бил од еврејско семејство, но бил член на Протестантската црква. Тој бил бас-пејач и музиколог специјализиран за делата на Франц Шуберт.

Според германските медиуми, човекот кој сега почива во гробот е Хенри Хафенмаер, познат негатор на Холокаустот и блогер со врски до неколку неонацистички групи. Неонацистите поставиле венци на гробот и ленти со симболот на железниот крст од нацистичката ера. Тие поставиле и портрет на Хафенмаер пред надгробната плоча со името на Фридлендер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот