
Неофицијално: Откриена е причината за смртта на тапанарот на Foo Fighters
Тапанарот на музичката рок-група Foo Fighters, Тејлор Хокинс во моментот на смртта имал десет психоактивни супстанции во телото, вклучително и опијати, објавија колумбиските власти, а пренесе „BBC“.
Препорачано
Имено, Хокинс беше пронајден мртов во петокот, во хотелска соба во Богота, главниот град на Колумбија, каде што музичката група требаше да настапи истата вечер. Како што објавија дел од медиумите, тој се јавил на рецепцијата во хотелот „Casa Medina“ и се пожалил на болки во градите, но Брзата помош го пронашла без знаци на живот.
„Токсиколошката анализа досега откри десет супстанции во телото на Тејлор Хокинс, вклучувајќи опијати, антидепресиви, анксиолитици и марихуана“, соопштија колумбиските власти.
Обвинителството на колумбиската држава официјално не ја објави причината за смртта, но локалните медиуми, повикувајќи се на извори блиски до истрагата, наведуваат дека станува збор за предозирање со хероин и комбинација од антидепресиви и бензодиазепини.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4час
-
5час
-
5час
-
6час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5