Фото: EPA-EFE/JOSE MANUEL VIDAL

Необична ситуација: Борусија ќе заработи повеќе пари ако изгуби од Реал Мадрид во финалето од Лигата на шампионите

Борусија Дортмунд се пласираше во финалето од Лигата на шампионите каде што на 1. јуни на „Вембли“ ќе игра против Реал Мадрид.

Откако стана јасно дека „кралевите“ ќе бидат противници на „милионерите“ во јавноста беше објавена и една необична информација. Имено, како што стојат работите Борусија би заработила повеќе пари ако го загуби финалето отколку кога би победила.

Причината за таквата ситуација е договорот на Џуд Белингам кој беше склопен пред една година и според кој Реал Мадрид ќе мора да исплати огромен бонус на Борусија ако со него ја освојат Лигата на шампионите.

Имено, Борусија според клазулата и информациите кои ги пренесуваат медиумите би добила 25 милиони евра врз основа на таа клазула, но исто така ќе ги добие и загарантираните 15 милиони од УЕФА како учесни кво финалето.

Во тој случај би заработиле 40 милиони евра, од друга страна ако победат ќе ја добијат само премијата за победникот која изнесува 20 милиони евра.

ВИДЕО | ЛШ: Реал Мадрид со голем пресврт и два гола на Хоселу закажа финале против Борусија Дортмунд

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот