фото: БК «Зенит»@facebook

Ненад Димитријевиќ ја започна сезоната во ВТБ лигата со победа

Зенит го совлада Автодор со 90-67, а Ненад имаше скромен придонес со пет постигнати поени

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ ја започна новата сезона во руската ВТБ лига со победа. Од сезонава Ненад е член на Зенит Санкт Петербург, а во првото коло неговиот тим како домаќин го совлава Автодор со 90-67.

Димитријевиќ, кој беше стартер, имаше скромен ефект, постигна пет поена за 14,32 минути со шут 1/6 за два поени, 1/2 за три поени, два скока и една асистенција.

Поголем предизвик за Ненад и за Зенит ќе биде следниот меч, в сабота, кога тимот дома ќе се соочи со УНИКС Казан, во второто коло од ВТБ лигата.

– Ќе биде многу интересно да се види како Ненад Димитријевиќ, кој се врати во ВТБ лигата, ќе настапи со Зенит… – изјави познатиот руски тренер Сергеј Елевич како најава за сезоната.

Димитриевич е познат на навивачите на ВТБ лигата. Тој од 2022 до 2024 година играше за УНИКС Казан.

Во сезоната 2023/2024 Ненад го предводеше УНИКС кој првпат успеа да ја освои титулата и тогаш стана МВП, а во сезоната 2022/23, тој и тимот го освоија ВТБ лига купот, а беше и најкорисен играч во плејофот.

Минатата сезона Димитријевиќ играше за Олимпија Милано.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот