Нема возење над 30 километри на час пред училиштата во Карпош (ФОТО)

Пред ООУ „В.Ц. Трена“ во Карпош 2, поставен е нов „интелигентен“ лежечки полицаец, соопштија од општина Карпош.

Со надминување на дозволената брзина од 30 километри на час, се активира поставениот лежечки полицаец и му дава сигнал на возачот да ја намали брзината на движење. На овој начин, се зголемува безбедноста за учениците и сите граѓани во Карпош 2, на улицата „Руѓер Бошковиќ“.

Дополнително, подготвени се и проектите за нови „лежечки полицајци“ пред основните училишта: „Јан Амос Коменски“, „Војдан Чернодрински“ и „Димо Хаџи Димов“, изјавија од општина Карпош.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот