Фото: Профимедиа

НЕМА веќе ќотек за јапонските деца

Јапонскиот Парламент денеска усвои закон, со кој им се забранува на родителите и другите старатели да применуваат физичко казнување врз децата.

Според усвоените амандмани, кои стапуваат во сила на 1 април следната година, се воведува целосна забрана за физичко казнување на малолетници, но во документот не се предвидени парични казни за прекршителите.

Локалните власти ќе бидат задолжени да ги едуцираат родителите за негативностите од употреба на насилни методи при воспитувањето. Социјалните работници, согласно новиот закон, ќе имаат пошироки права да „интервенираат” во случаи на семејно насилство врз децата.

Минатата година, јапонската полиција им пријавила на социјалните служби повеќе од 80.000 случаи на физичко или психичко насилство врз малолетни лица. Ова е рекорден број за целиот период откако се водат такви статистички податоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот