
Нема каде да патуваат: Сѐ повеќе Руси одат на сафари и лов во Зимбабве
Сè поголем број богати Руси одат на сафари и на лов во Зимбабве, бидејќи санкциите на голем број европски земји, вклучително и САД и Канада, ги спречуваат да патуваат. Сафари операторите забележаа пораст во бизнисот, „особено од Русија“, рече Емануел Фундира, претседател на Зимбабве Сафари асоцијација.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Туристите дојдоа во Зимбабве главно од САД и Европа, но воведувањето санкции против голем број јужноафрикански нации, кои се вмешани во кршење на човековите права и изборни измами, ги затегна односите со Западот, пишува Блумберг.
Затоа администрацијата на претседателот на Зимбабве Емерсон Мнангагва се обиде да ги зајакне врските со Кина, Русија и Белорусија, чиј претседател Александар Лукашенко ја посети јужноафриканската земја во февруари. Како што изјави Фундира, санкциите на многу земји против Москва ги принудија богатите Руси да ги сменат дестинациите, а Зимбабве сака да ги искористи добрите односи со Русија.
Фундира тврди дека богат Русин потрошил 500.000 долари за време на двонеделното сафари во Зимбабве. Во Зимбабве има околу 100.000 слонови, која е втора по големина популација на слонови во Африка, и лиценци за лов на овие животни по цена од 10.000 долари по слон. Во таа земја има и голем број на носорози, лавови, леопарди и бизони.