
Нема движење надвор од хотелот – Албанската репрезентација под постојан надзор во Србија
Натпреварот помеѓу Србија и Албанија, кој ќе се одигра во сабота во Лесковац, е официјално прогласен за натпревар од висок ризик поради историските тензии и актуелната политичка чувствителност меѓу двете земји. Безбедносните мерки ќе бидат на највисоко можно ниво, а албанската репрезентација ќе биде под строги протоколи и постојан надзор на српската полиција.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Фудбалерите и стручниот штаб на Албанија ќе пристигнат во Ниш, од каде ќе бидат транспортирани до Лесковац под полициска придружба. Целата делегација ќе биде сместена во хотел кој ќе биде под 24-часовно обезбедување, а движењето надвор од објектот ќе биде строго забрането, освен за официјалните активности – тренингот и прес-конференцијата пред натпреварот.
Српските власти најавија големо полициско присуство, не само околу хотелот, туку и на стадионот и низ градот. Се преземаат сите мерки за да се избегнат инциденти и да се гарантира безбедно одржување на натпреварот.
Освен безбедносните аспекти, натпреварот носи и огромно спортско значење. Албанија моментално е втора на табелата со 8 бода, додека Србија е третопласирана со 7, но и со натпревар помалку. Победа за која било од двете селекции значително би ги приближила до пласман во баражот за Светското првенство, што дополнително ја зголемува тензијата.
Преземено од: Спорт.ком.мк