Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Нема да верувате колку заработува Мараја Кери од божиќниот хит „All I Want for Christmas Is You“

Американската пејачка Мараја Кери пред 30 години ја објави песната „All I Want For Christmas Is You“. Песната стана неизбежен дел од празничната сезона, а сега сумата што Кери ја заработува од песната повторно почна да се шири низ медиумите.

Според магазинот „Економист“ во 2017 година, Мараја Кери заработува околу 2,5 милиони долари секоја година поради оваа божиќна песна, додека „Њујорк пост“ пишува дека станува збор за три милиони.

И не само тоа, туку песната ѝ донесе дури 60 милиони долари кога првпат ја објави. А судејќи по сегашната статистика, се чини дека и годинава пристојно ќе заработи од тоа.

„All I Want For Christmas“ повторно влезе во топ 100 листите на Билборд, каде моментално се наоѓа на 16-то место. Само на 1 декември беше преслушана 8,2 милиони пати на Спотифај, додека вкупната бројка низ годините е речиси две милијарди.

Нејзината песна не само што е една од најслушаните за време на празниците, туку е и меѓу оние со најмногу кавери. Самата Мараја Кери ја сними песната во дует верзија пред 13 години, каде ѝ се придружи Џастин Бибер.

Поради успехот на песната, Кери неофицијално беше прогласена за кралица на Божиќ. Единствената песна за која може да се каже дека се натпреварува со неа е „Last Christmas“ на групата „Wham“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот