кралица елизабета втора
Фото: EPA/John Stillwell UK and Republic of Ireland Out, EDITORIAL USE ONLY EDITORIAL USE ONLY

Нема да биде сама за Божиќ: Семејните членови ги откажаа своите планови за да бидат со Кралицата Елизабета

Принцот Чарлс и Камила, принцот Вилијам и Кејт, принцезата Ана, принцот Едвард и неговата сопруга Софи ги откажаа своите предбожиќни планови за да се осигураат дека можат да бидат со кралицата

Кралицата нема да го помине Божиќ сама, откако постарите членови на кралското семејство се согласија претходно да ги намалат сите освен суштинските средби, среде напливот на инфекции со Ковид.

кралица елизабета втора
Фото: EPA-EFE/STRINGER UK AND IRELAND OUT

Принцот Чарлс и Камила, принцот Вилијам и Кејт, принцезата Ана, принцот Едвард и неговата сопруга Софи ги откажаа сите предбожиќни планови за да се осигураат дека можат да бидат со неа.

Монархот беше принудена да ја напушти забавата за нејзиното пошироко семејство поради пандемијата, и се повеќе се шпекулираше дека сепак Божиќ ќе го помине сама. шуо воедно е и првиот Божиќ по смртта на нејзиниот сопруг од 73 години, принцот Филип, кој почина оваа годиина.

кралица елизабета втора
Фото: EPA/JOHN STILLWELL UK AND IRELAND OUT EDITORIAL USE ONLY

Нејзиното височество планираше да пречека околу 50 роднини во замокот Виндзор во вторник, но донесе одлука да го прекине тој план кој е дел од семејната традиција.

Тоа доаѓа бидејќи остатокот од земјата беше предупредена дека може да бидат потребни дополнителни ограничувања доколку вакцините се помалку ефикасни од очекуваното против Омикрон, рече главниот медицински службеник во Англија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот